Skip to main content

Најавени нови блокади: Преминот „Богородица“ вечерва ќе биде затворен неколку часа

Граничниот премин „Евзони“ повторно ќе биде затворен за сообраќај вечерва, во периодот од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време. Во тој временски интервал нема да биде дозволен влез и излез од Грција за сите категории возила.

Земјоделците во близина на Лариса, на автопатот што ги поврзува Атина и Солун, се подготвуваат да ја ескалираат својата протестна акција поради доцнењето на субвенциите од Европската Унија и поради други незадоволства, во согласност со одлуките донесени на националниот состанок одржан во неделата во Малгара, западно од Солун, објави „Катимерини“.

Според организаторите, демонстрантите планираат напладне да го прекинат сообраќајот на надвозникот што ги опслужува коловозните ленти на патот Атина–Солун, без најава кога патот повторно ќе биде отворен. Земјоделците ги опишаа часовите што ѝ претходат на акцијата како клучни.

Во однос на наредните денови, поради празникот Богојавление кој утре се одбележува во Грција, земјоделците од целата земја планираат привремено да ги прекинат блокадите и да ги отворат автопатиштата, со цел да се овозможи непречено движење на граѓаните, како што беше случај и за Божиќ и Нова година.

Согласно најавите, ова ќе важи и за граничниот премин „Евзони“, каде што в вторник и в среда не се предвидуваат блокади.

Земјоделците предупредија дека протестните акции ќе продолжат да се заоструваат доколку не добијат конкретни одговори на нивните барања.

Поврзани вести