
Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24 март па се до 30 март) ќе бидеме под влијание на длабок циклонски систем кој ќе се развие југозападно од нас, односно над Медитеранот. Во ваква ситуација, ќе имаме многу променливо, но релативно топло време со чести повремени врнежи од дожд.
Повремено и локално ќе има пообилни и поројни врнежи, проследени со грмежи и со засилен јужен ветер (над 60 км/час), а процесите повремено ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме. На повеќе места за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/30 литри дожд).
И во Скопје и околината поради оваа циклонска активност, во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со повремено засилен јужен ветер.
Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе бидат над нулата, а максималните дневни исто така ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.