
Денеска територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од поголем фронтален влажен бран од југозапад, и истиот ќе предизвика поголема дестабилизација на атмосферата, објави Метеоаларм.
Во ваква ситуација, на многу места во Македонија ќе има развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, гремежи и силен ветер во зоната на нестабилност кој ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално пак, процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Целиот текст на Метеоаларм