
Првата дама Меланија Трамп изјави за Fox Business дека имала многу убаво детство додека растела во комунизмот во поранешна Југославија и оти на нејзиното семејство ништо не му недостигало.
Во разговор за американската телевизија, поранешната словенечка манекенка отворено зборуваше за годините поминати во Севница пред да замине во странство.
Израснав во комунизам и всушност ништо не ми недостигаше. Сметам дека имав многу убаво детство, а моите родители му овозможија прекрасен живот на моето семејство“, изјави Меланија Трамп.
Нејзиниот релаксиран тон околу животниот стандард на семејството Кнавс во тогашна СФРЈ претставува целосен контраст на американскиот наратив за источноевропската беда од периодот на Студената војна.

Македонски


