Skip to main content

Историска средба: Трамп го пречека Си со црвен тепих и воена церемонија

Printscreen

Американскиот претседател Доналд Трамп лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг на воздухопловната база „Ендрјус“ во близина на Вашингтон, приредувајќи му церемонија со црвен тепих, почесна гарда и прелет на американски бомбардери.

Станува збор за невообичаен дипломатски гест, бидејќи американските претседатели вообичаено ги пречекуваат странските лидери во Белата куќа, а не веднаш по слетувањето на нивниот авион.

Си пристигна во Вашингтон со сопругата Пенг Лијуан, а на пистата ги пречекаа Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Пред авионот беше поставен црвен тепих долг околу 30 метри, додека од двете страни беше распоредена почесна гарда од 21 припадник. Церемонијата вклучуваше и припадници на различните родови на американската војска, знамињата и химните на двете земји, како и прелет на два стратешки бомбардери Б-1.

Во моментот кога бомбардерите прелетаа над базата, Трамп реагираше на силниот звук и се сврте кон авионите, додека Си остана мирен.

Посетата на кинескиот претседател доаѓа во чувствителен момент во односите меѓу двете најголеми светски економии. Меѓу главните теми во разговорите се трговијата, царините, вештачката интелигенција и технолошките ограничувања, како и Тајван и Иран.

Истовремено со пристигнувањето на Си, американскиот министер за финансии Скот Бесент соопшти дека САД и Кина постигнале договор за продолжување на трговското примирје.

Со договорот двете страни продолжуваат со привремено ублажување на дел од царините и се воздржуваат од воведување нови трговски ограничувања додека траат преговорите.

Не знам дали може да се постигне поголем договор. Не знам дали само ќе го продолжиме сегашниот договор“, изјави Бесент.

Си, пак, по пристигнувањето порача дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не ривали, нагласувајќи дека развојните цели на двете земји не мора меѓусебно да се исклучуваат.

Спектакуларниот пречек, сепак, предизвика и критики во дел од Републиканската партија.

Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Сенатот, републиканскиот сенатор Роџер Викер, го критикуваше раскошниот пречек и оцени дека бројните спорни прашања меѓу Вашингтон и Пекинг не оправдуваат таков третман.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, од друга страна, истакна дека директната комуникација на највисоко ниво е неопходна, имајќи предвид дека станува збор за две од најголемите економски и воени сили во светот.

За време на посетата предвидени се официјални разговори во Белата куќа и државна вечера. Во петок Си и Пенг треба да се сретнат со Трамп и првата дама на чај во Белата куќа, по што е предвидена и посета на Националниот архив, каде што ќе разгледаат историски документи поврзани со американско-кинеските односи.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetjojobetroketbetcasibomzbahis