Skip to main content

„Лабораториум“ стартува со клуб за повозрасни граѓани

Културно едукативниот центар „Лабораториум“од Скопје, организира утринска дискусија на 06.12.2024 во 10:00 часот, за да го лансира новиот Senior kLab – иницијатива посветена на создавање простор кој одговара на потребите и интересите на пензионерите. Настанот има за цел да ги слушне мислењата на повозрасните сограѓани, како и да ја засили меѓугенерациската соработка преку нови и инклузивни активности.

Senior kLab е инспириран од успешните меѓугенерациски проекти на Лабораториум во изминатата година, кои покажаа дека пензионерите од Скопје се желни за активен социјален живот. Настанот ќе понуди можност учесниците да споделат идеи, да дискутираат за своите потреби и да учествуваат во креативна работилница, со цел заеднички да се креираат идни активности кои ќе го направат Лабораториум пријателски и отворен простор за сениорите.

Настанот е бесплатен и отворен за сите пензионери. Се одржува во Културно едукативниот центар „Лабораториум“лоциран на бул. Св. Климент Охридски 68 (поранешната печатница на „Нова Македонија“), пријавување на 05 декември на 070 359 419.

Лаб ги охрабрува медиумите и заинтересираните граѓани да се приклучат и да придонесат кон создавање на инклузивна заедница за нашите повозрасни сограѓани.

Поврзани вести