
Фридрих Мерц со години е во среќен брак со сопругата Шарлот, која по професија е судија. Двајцата се венчаа во 1981 година и за време на бракот имаа три деца. Семејството со години живее во Арнсберг.
Шарлот, за која не се знае многу, неодамна во едно интервју изјави дека нејзината љубов со Фридрих била љубов на прв поглед.
Со децении нивната врска се смета за многу блиска и често се појавуваат заедно во јавноста. Пораснала во големо семејство како најстаро од петте деца. Нејзиниот татко бил адвокат и таа тргнала по сличен пат.