Skip to main content

Унгарија повторно го блокираше напредокот на Украина кон ЕУ

Фрипик

Унгарија уште еднаш одби да даде зелено светло за отворање на кластерите 2 и 3 за Украина, на првиот состанок по летната пауза на Работната група на Советот на ЕУ за проширување, објави „Украинска правда“.

Според дипломатски извори од Брисел, ситуацијата останува непроменета во однос на јули. Будимпешта изрази подготвеност да ги одобри резултатите од скринингот за Кластер 3 само за Молдавија, барајќи раздвојување на евроинтегративниот пат на двете земји. Сепак, овој предлог не наиде на поддршка кај мнозинството земји-членки, предводени од Ирска, која во моментов претседава со Советот на ЕУ.

Унгарскиот претставник на состанокот јасно стави до знаење дека Будимпешта нема да дозволи отворање на нови преговарачки поглавја сè додека Киев не преземе конкретни чекори за исполнување на билатералниот договор што се однесува на заштитата на правата на унгарското малцинство во Украина.

Поврзани вести