
Лисабон, главниот град на Португалија, го освои првото место на новиот „Индекс на среќен одмор“, со својата вкусна храна и многу зелени површини што овозможуваат пријатен престој и вистинско опуштање.
Туристичката агенција „Букретритс“ (BookRetreats) е автор на истражувањето наречено „Индекс на среќен одмор“. Во ова испитување, дестинациите за одмор и патувања се мерат врз основа на пет различни критериуми. Тоа се: Количина на сончева светлина, квалитет на спиењето, здрава исхрана, колку време можете да поминете в природа и можности за вежбање. Вкупно 47 места беа оценети во секоја категорија, а потоа споредени меѓу себе. По анализата на сите овие податоци, Лисабон е најсреќниот град за посетителите. Според „Букретритс“, тој град „се издвојува по неколку фактори“, а храната е особено привлечна.
Португалската престолнина е полна со ресторани за здрава храна и е на второто место во оваа категорија. Исто така, градот е „компактен и лесен за навигација“, и иако околните ридови можеби не изгледаат како одлично место за прошетка по обилен оброк, тие сепак се одлични за одржување на формата.
Говорејќи за зелени површини, Лисабон има речиси четирипати повеќе од Мадрид – и 2.828 сончеви часови годишно.

На место бр. 2 е Хелсинки, којшто особено се истакнува во категоријата „поврзаност со природата“. Финска, воопшто, е позната како „среќно место“, па затоа, не е изненадување што нејзиниот главен град постигна добри резултати. „Букретритс“ ги истакнува „бујните паркови и булевари“ коишто беспрекорно се вклопуваат со шумските патеки, забележувајќи дека, сепак, опуштеното темпо на живот во Хелсинки е она што го прави скоро совршен за патниците и посетителите кои бараат мирно место за бегство од секојдневието.
Орландо (Флорида, САД) се најде на третото место. Доколку може да ги избегнете гужвите, овој град во сончевата амеериканска сојузна држава, всушност, може да понуди прилично опуштено време. Има многу тематски паркови за забавуваат, зелени површини, плажи и Сонце речиси преку целата година. И Атина (Грција) и Единбург (Шкотска) се најдоа меѓу првите пет.