Бројот на посети на урнатините некогаш закопани од Везув, кои летово ги виделе дури четири милиони луѓе, ќе биде ограничен на 20.000 дневно.
Земјата ќе го ограничи бројот на посетители на 20.000 дневно од следната недела и ќе воведе персонализирани билети за борба против прекумерниот туризам и за заштита на местото на светското наследство, рекле властите.
Ова лето рекордни четири милиони луѓе ги посетиле остатоците од античкиот римски град, кој бил затрупан во пепел и карпи по ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Директорот на археолошкиот парк Габриел Сухтригел рекол дека посетителите на главниот локалитет сега надминуваат просечни 15.000 до 20.000 секој ден, а новата дневна граница ќе спречи понатамошен раст.
„Работиме на низа проекти за да го намалиме притисокот врз локацијата, што може да претставува ризик и за посетителите и за културното наследство кое е толку уникатно и кревко“, рекол Сухтригел.
Влезниците за паркот ќе бидат персонализирани почнувајќи од 15 ноември и ќе го содржат целото име на посетителите. Секој ден ќе се издаваат најмногу 20.000, со специфични времиња на посета во текот на летниот период.
Со бесплатен превоз како дел од проектот „Greater Pompeii“, менаџерите на парковите се обидуваат да ги охрабрат туристите да ги посетат другите антички локалитети кои имаат врски со Помпеја, вклучувајќи ги и населбите Стабија, Оплонтис и Боскореале.
„Мерките за управување со туристичкиот проток и безбедноста, како и персонализирање на посетите се дел од оваа стратегија. Ние се стремиме кон бавен, одржлив, пријатен и немасовен туризам и, пред се, туризам што ќе се одвива на целата територија околу оваа локација на УНЕСКО, која е полна со културни скапоцени камења за откривање“, рекол Сухтригел.
Минатиот април, Венеција стана првиот голем туристички град во светот кој им наплаќаше на луѓето за влез. Тоа беше експериментална фаза од кампањата, која беше планирана да ги одврати посетителите кои доаѓаат во градот на еден ден.
Надоместокот од пет евра, кој бил наплатуван 29 дена кога имало најголема навалица и завршил во јули, бил итен одговор на локалните власти за да се избегне местото на наследството на УНЕСКО да биде ставено на црната листа како светско наследство во опасност поради масовниот туризам. Следната година градот ќе продолжи да наплаќа влезници.
Извор: RTS