Итока, која имала четири деца и пет внучиња, починала на 29 декември во дом за стари лица каде што живеела од 2019 година, соопшти градоначалникот на Ашија, пренесува МКД.мк.
Родена на 23 мај 1908 година во Осака, во близина на Ашија, таа била идентификувана како најстара личност на светот по смртта на Шпанката Нарија Брањас Морера во август 2024 година на 117 години.
Со потекло од семејство со три деца, играла одбојка во младоста и преживеала војни, пандемии и технолошките револуции.
Во своите постари години сакала банани и калпис, популарен јапонски млечен напиток, се наведува во соопштението на градските власти.
Според Геронтолошката истражувачка група најстара личност на светот сега е 116-годишната бразилска свештеничка Инах Канабаро Лукас, која е родена 16 дена пред Итока.
Јапонија минува низ демографска криза со пораст на постарата популација, додека активната популација, која бележи пад, ги финансира растечките медицински и социјални давачки. Во септември Јапонија имала повеќе од 95.000 стогодишници од кои 88 отсто жени. Речиси третина од 124 милиони жители на земјата се постари од 65 години.