Skip to main content

Промовиран календарот на уметникот Бојан Ковски со делата од изложбата „Кара“

Уметникот Бојан Ковски го промовираше календарот за 2025 година со 12-те модели од изложбата „Кара“ (Carra) и го најави 10-годишниот јубилеј на Ковски боди арт во 2025.

Календарот претставува совршен спој на уметност и функционалност. Секој месец е посветен на едно од делата од претходната изложба на Ковски, претставувајќи уникатни теми како индивидуалност, трансформација и силата на човечкото тело како платно. Фотографиите во календарот се резултат на соработка со врвни фотографи, кои ја уловиле убавината и длабочината на овие краткотрајни уметнички дела.

Во проектот учестуваа моделите: Каљтрина Круециу, Ведрана Ѓорѓевиќ, Александар Динев, Ангелина Китаноска, Миа Араби, Антонија Гиговска, Даниел Николовски, Иван Ајнштајн, Никита Сабот, Еха Арт, Арѓенд Џиџа, Стефан Стефановски, Катерина Попева, Пиксел

Фотографите се на Бојан Стоилковски, Ани и Дими, Зоран Стојановски Зонде, Стефан Рајл, Жарко Чулик, Горан Поповски, Александар Врзалски, Филип Пашоски, Богдан Глишик, Амел Амед, Антонио Станков, Анонимен автор