
Во хотелот „Москва“ во Белград на 26 октомври ќе се одржи ексклузивна модна вечер посветена на финалето на „Топ Модел Европа Балкан“. Овој престижен настан ќе ги обедини најдобрите манекенки, манекени и фотомодели од регионот, претставувајќи ги најперспективните таленти и најновите модни креации од Балканот. На сцената ќе блеснат 20 македонски манекени и манекенки кои ќе се борат за првото место и титулата победник.
Публиката ќе има можност да проследи модни ревии на три реномирани македонски дизајнерки: Шалева, препознатлива по своите уникатни модели од високата мода и стилистика за познати личности. Ирина Тошева, која ја освежува сцената со современ пристап и смели иновативни креации. Фросина Кулакова, со постхумна трибјут ревија, преку која ќе биде претставена нејзината најнова колекција и ќе се оддаде почит на нејзиниот исклучителен талент, уникатност и визија. Победниците од ова балканско финале ќе го претставуваат регионот на европското финале во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со најдобрите таленти од целиот континент. Жирито ќе ги оценува натпреварувачите според нивната харизма, самодоверба и умешност во претставувањето на модните креации. „Би била многу горда ако некој од Македонија победи на натпреварот“, вели стилистката Шалева, директорка на „Топ Модел Европа Балкан“. „Топ Модел Европа Балкан“ во Белград ветува вечер исполнета со стил, креативност и инспирација – вистински празник на модата и талентот! Не пропуштајте ја шансата да откриете нови модни таленти и да уживате во вечер исполнета со гламур и креативност!