
Нитни, метални патенти, копчиња, нагласени раменици, „пеперутка“ ракави. Црно, црвено, сиво, циклама.. Очила за сонце, високи чизми, накит од метал, залижана коса. А во позадина оди музика од Мадона, „Дјуран Дјуран“, „Депеш мод“, „Банананарама“. Музика од осумдесетите години на минтиот век. На телевизија оди музичкиот канал „Ем-ти-ви“, прозорец кон светот на музиката во тоа време. Сево ова било инспирација за модната дизајанерка Силвија Михајловска, која работи под брендот „Алшар“ да ја создаде зимската колекција „I Want my MTV” која има 22 парчиња, типични за модатата од тоа време, но со нејзнин, претпознатлив стилски печат. Ќе има и пролетна колекција на „Алшар“, најавува дизајнерката.

Како основа, ги користив највпечатливите рефренци на модата од тоа време : „пеперутка” ракави, нагласени раменици, панк елементи (нитни, метални патенти и копчиња) кои се секогаш присутни во моите колекции како и за мене најтипичната комбинација на бои од тоа време – циклама и црна. Внимавав овие детали да не бидат пренагласени и креациите да бидат согласни со сегашните модни трендови. Користев фини памучни и волнени штофови, кадифе, чипка и антилоп кожа, вели Михајловска.
Таа објаснува зошто се решила за овој наслов на колекцијата и за инспирацијата.

На крајот на оваа 2025 година музичкиот канал МТV за жал ќе престане со емитување на програма. Музиката отескогаш била важен дел од мојот живот, а MTV ги обележа моите тинејџерски години во осумедестите. Зимската колекција „I Want my MTV” на Алшар е посветена токму на овој период од мојот живот и директно е инспирирана од музичките спотови од осумдесетите години, како на пример Depeche Mode, Banananarama, Madonna, Sade, Duran Duran, Spandau Ballet… Самото име на колекцијата е извадено од песната на Dire Straits, a го пее Sting, со чие видео е започнато емитувањето на МТV Europe, вели Михајловска.

За колекцијата направена е фото-сесија со моделот Ана Ежова, make-up Виктор Мирчевски и фотографии Силвија Михајловска

Македонски






