Skip to main content

Лефков: Охридското Езеро е единствено во кое живиот свет е подеднакво стар колку и самото езеро, а сега може да ја загуби биолошката разновидност

Охридското Езеро има јасно забележана тенденција да оди кон губење на биолошката разновидност, вели д-р Златко Лефков од Институт за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

Треба да имаме предвид дека во 1979 година, УНЕСКО ја прогласува прво биолошката компонента која смета дека тоа е навистина уникатно езеро, за разлика од сите останатите езера во светот, вклучувајќи ги и Бајкал, Тангањика, Титикака и Малави, кои имаат доживеано некаква еколошка катастрофа во текот на своето постоење. Единствено езеро во светот до 1950-1960 година е Охридското Езеро кое што не доживеало никаква еколошка катастрофа“, истакна Лефков.

Додаде дека Охридското Езеро е единствено во кое живиот свет е подеднакво стар колку и самото езеро.

Тоа значи дека од моментот на настанување, кога се формирало езерото, пред два и пол или три и пол милиони години, тој жив свет сè уште живеел или сè уште живее некаде во езерото и на одреден начин се бори на опстане и да ги задржи своите генетски специфичности“, потенцира Лефков и смета дека човекот е негов најголем непријател.

Поврзани вести