Skip to main content

Тиквички полнети со пилешко месо: Толку се сочни што секое залаче се топи в уста!

Ви го откриваме најдобриот рецепт за тиквички полнети со пилешко месо

Состојки:
3 поголеми тиквички
300 г пилешко филе
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 среден морков (по желба)
100 мл павлака за готвење или 1 лажица кисела павлака
100 г рендан кашкавал
маслиново масло или масло по избор
сол, бибер, сув зачин, оригано или босилек
1 лажиче доматно пире
1 јајце

Приготвување:
Измијте ги тиквичките, преполовите ги во должина и извадете ја средината со лажица, за да добиете „чамци“. Посолете ги и оставете ги 10-15 минути да пуштат вода, па превртете ги наопаку на хартија да се исцедат.

Исечкајте кромид, лук, морков и средината од тиквичките. Исечкајте го пилешкото на ситни коцки. На малку масло пропржете ги кромидот и лукот, додајте пилешко месо, па пржете додека зарумени. Додајте морков и средината од тиквичките и динстајте додека испари течноста.

Зачинете по вкус со сол, бибер, оригано и доматно пире ако сакате дополнителна арома. На крајот, додајте павлака и едно јајце за да се поврзе смесата.

Наполнете ги тиквичките со фил, наредете ги во плех обложен со хартија за печење или подмачкан со масло. Посипете ги со кашкавал. По желба, сипете малку вода или бујон во плехот за да останат тиквичките сочни. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 25-30 минути, додека се испечат тиквичките, а кашкавалот убаво зарумени.

Поврзани вести