
За овие ароматични и богати мафини потребни ни се неколку едноставни состојки што најчесто веќе ги имаме дома.
Приготвување:
Во една чинија ги матиме јајцата, а по желба може да се додаде и малку шеќер. Потоа ги додаваме мелените овесни снегулки измешани со прашок за печиво. Кога ќе се соедини смесата, ги додаваме јогуртот, маслиновото масло, сечканите сливи, мелените ореви, малку чоколадо и ренданите јаболки. Сè убаво промешуваме за да добиеме хомогена смеса.
Со лажица ги полниме калапите за мафини и ги ставаме да се печат во рерна загреана на 200 степени. Потребни се околу 40–45 минути за да добијат убава боја и да останат сочни однатре.
Ова е еден од оние рецепти што со задоволство ги правиме кога сакаме брз и поздрав домашен десерт.

Македонски







