Skip to main content

Како да ги потрошите варените јајца од Велигден – згответе вкусен француски компир

На крајот на велигденските празници обично фрижидерот е полн со варени јајца. Еве предлог за вкусен оброк во кој ќе потрошите дел од јајцата кои ви останале.

Францускиот компир е класично јадење кое го јадеме кога не знаеме што да зготвиме. Брзо се прави, а можете и да експериментирате со состојките.

Некои го прават само со компири и јајца, а други додаваат и малку зеленчук, сланина и колбаси.

СОСТОЈКИ:
1 кг компири
1 главица кромид
4 варени јајца
1 сирово јајце
сланина
1 чашка кисела павлака
сол
бибер
босилек

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во еден сад згответе ги компирите во лушпа, а јајцата во друг. Кога се готови, излупете ги и исечете ги на кругови.
Сланината и кромидот исечкајте ги на помали парчиња. На дно на сад за печење ставете малку масло па редете ги состојките – кромид, компир, јајца, сланина и така сè додека не ги потрошите.

На крај компирот прелијте го со мешавина од разматени јајца и павлака. Печете на 200 степени додека компирот не добие крцкава кора.
Добар апетит!