
Патот до успехот не е лесен, особено ако кариерата ја почнете во Америка. Но, ако сте подготвени да правите отстапки за постигнување на вашите цели и соништа, ако верувате во себе и во своите способности, како и ако имате поддршка од вашите најблиски, може да се постигне сѐ. Ова е мотото на Ивана Димитровска Рајчевска (32) која живее во Менхетен, Њујорк речиси седум години.
Од 2-ри јануари, 2025 вработена е како Immigration Specialist во OC Law-New York, адвокатска канцеларија посветена на имиграционо право, пишува „Женски магазин“.
Ивана е помалата ќерка на покојниот новинар Предраг Димитровски кој остави големи траги во македонското новинарство.

-Растејќи, го гледав примерот на мојот татко, кој беше еден од најискусните и најпознатите новинари во Македонија. По запишувањето на студиите, ми се појави желбата и јас да станам новинар. Меѓутоа, со оглед на тоа дека одблизу гледав со колку предизвици еден новинар може да се соочи, решив сепак да продолжам по овој пат. Мојот татко беше неверојатен човек и родител. Човек со огромно знаење за македонската историја и македонското новинарство. Луѓето кои го познаваа го викаа жива енциклопедија. Беше огромна среќа и задоволство да се има родител каков што беше мојот татко. Горда сум што сум ќерка на Предраг Димитровски-Пепи – посочува Ивана, која загубата на својот татко ја доживеала како најтешката работа со која се соочила во животот.
Повеќе на Женски Магазин.мк