
Овогодинешното издание на Скопскиот вински салон – Винодонија ќе понуди ретка можност за винско патување низ времето со еден од највпечатливите имоти од Бордо – „Château Lanessan“. Во рамки на Винодонија 2025, благодарение на нивниот македонски партнер и увозник „Grand Cru“, посетителите ќе имаат привилегија да дегустираат пет исклучителни берби што оставиле трага на светската винска сцена.
Chevalier de Lanessan, Haut-Médoc 2019
Château Lanessan, Haut-Médoc 2021
Château Lanessan, Haut-Médoc 2016
Château Lanessan, Haut-Médoc 2009
Château Lanessan, Haut-Médoc 1986
Ова е несекојдневна можност за продлабочување на винското искуство – преку вкус, историја и емоција. Настанот е наменет за љубопитните ентузијасти, но и за професионалците кои сакаат повеќе од само дегустација.
Предавач на ова исклучително винско доживување ќе биде сомелиерот Александар Миливојевиќ.
Билетите се во ограничен број и може да ги купите на овој ЛИНК.

Македонски






