Skip to main content

Утре е Благовец: Празник на добрата вест и почетокот на пролетта

Македонските православни верници утре го одбележуваат Светото Благовештение, празник кој во народот е познат како Благовец или Блошчојне. Овој голем христијански празник секогаш паѓа на 7 април и се смета за „тежок“ ден во кој традиционално не се работи.

Благовец се вбројува во празниците посветени на Пресвета Богородица, но многумина го третираат и како Господов празник. Поради неговото значење, во народната предание често се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Овој ден е именден за сите кои ги носат имињата Благоја, Блаже, Благојка, Благица и слични изведеници.

Со празникот се поврзани и повеќе народни верувања кои се пренесуваат со генерации.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки, се вели во преданието.

Исто така, Благовец се смета за предвесник на пролетта и денот кога се враќаат птиците преселници како штркот, ластовицата и славејот. Се верува дека тие пристигнуваат токму на овој датум, без оглед на временските услови.

Поврзани вести