
Православна црква и нејзините верници денеска го слави празникот посветен на Свети Сисој Велики. Овој светител е исклучително почитуван и ценет од мајките и жените бидејќи го сметаат за заштитник на децата и брз помошник во секоја тага и неволја.
Многу мајки практикуваат пост 7 дена пред овој празник за да се причестат, а овој „седумдневен пост“ е непишано правило кое почнува да го почитува се поголем број мајки. Се верува дека на тој начин нивните малечки ќе бидат здрави и дека ќе бидат придружени со среќа во животот.
Ако врне на овој ден, дефинитивно треба да ги оставите децата да трчаат надвор и да се навлажнат! Се верува дека тоа е водата што свети Сисој ја испраќа од рајот и дека така најдобро и најздраво ќе растат.
Постарите велат дека Свети Сисој е најголемиот истребувач од сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата. Затоа, се верува дека децата денеска можат да останат надвор навечер, бидејќи сите демони бегаат и се кријат. Народот вели дека се што ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и долговечно.