Skip to main content

Цената на кафето арабика на берзите достигна историски максимум

Цената на кафето арабика продолжува да расте достигнаувајќи го својот историски максимум, како последица на намалените испораки и во пресрет на веројатното намалување на жетвата во Бразил во 2025 година предизвикано од топлото и суво време.

Од почетокот на годината цената на арабиката порасна за 21 отсто.

Фјучерсите за сортата арабика на берзата „International Exchange Inc.“ (ИЦЕ) пораснаа за 2,4 отсто до $3,87 долари за фунта (0.4 килограми), претходно за време на тргувањето достигнувајќи историски врв од 3,88 долари.

Во меѓувреме, земјоделците во Бразил го чуваат родот непродаден, надевајќи се на натамошен раст на цените на зрната во услови на неизвесни прогнози за жетвата оваа сезона.

Според ИЦЕ, заклучно со 31 јануари, резервите на сертифицирана арабика изнесуваа 867.582 вреќи, што е за 11,5 отсто помалку споредбено со крајот на 2024 година.

Цената на поевтината сорта, робуста, се намали за 0,9 отсто на 5.668 долари за метричики тон. 

Поврзани вести