Skip to main content

Јапонка уапсена бидејќи згмечила леб во продавница

Една жена во Јапонија е уапсена бидејќи наводно згмечила леб во продавница и заминала без да плати. Властите во јужниот град Фукуока потврдија за Би-Би-Си дека 40-годишна жена е уапсена поради „штета“ за која кривично одговара, пренесува „Слободен печат“.

Жената, тврдела дека „само ја проверува цврстината со лесно притискање на нејзината рака“, според полицијата.

Жената наводно допрела кеса во која имало четири лепчиња од црн сусам и крем сирење.

Додека обвивката била недопрена, полицијата соопштила дека едното лепче било оштетено откако ја притиснала со десниот палец и поради тоа целото пакување не можело да се продава.

Како што излегувала од продавницата, сопственикот забележал дека лебот е оштетен и ја повикал да плати, а таа наводно одбила.

Продавачот тргнал по неа и ја запрел. Била повикана и полиција која ја привела.

Во последниве години, полицијата презеде мерки и против оние кои извршиле „суши тероризам“ во рестораните каде што овој деликатес се служи на подвижни ленти. Тие биле фатени како лижат шишиња со соја сос и дробат суши наменети за гости.

Поврзани вести