Skip to main content

Овие три хороскопски знаци ќе имаат многу проблеми наредниот период

Freepik

Пред три дена, на 19 април, Сонцето влезе во знакот риби, со што започна новата сезона на астролошки помирни и постабилни вибрации.

И додека некои знаци ќе уживаат во новата енергија што нè опкружува, други нема да го постигнат посакуваниот успех. Астролозите веруваат дека 3 хороскопски знаци ќе доживеат одредени неуспеси во работата, а наводно, ниту нивниот љубовен живот нема да биде толку успешен.

Овие 3 знаци не можат да очекуваат успех во сезоната на бикот…

Близнаци
Потребно е да направите интроспекција во овој период. Со Меркур, вашата владејачка планета, во бик, можеби ќе почувствувате потреба да се повлечете и размислите. Ова не е толку лошо, но можеби ќе забележите пречки во комуникацијата или несигурност, кога станува збор за деловни одлуки. Ако чувствувате дека сè ви оди побавно од вообичаено – тоа е само привремено. Дајте си време, а вистински полет ќе ви се случи на почетокот на јуни.

Девица
Иако сезонава ви носи можности за личен развој, Марс во 12-тата куќа може да ви ја одземе енергијата токму тогаш кога ќе ви биде најпотребна. Ќе чувствувате потреба за мир и тишина, што може да ви го отежни извршувањето на секојдневните обврски. Запомнете: повлекувањето не е знак на слабост, туку на сила. Искористете го овој период за да ги наполните батериите, бидејќи наскоро ќе дојдат вашите 5 минути.

Водолија
Во сезоната на бикот, кога сè е побавно и помирно, може да се чувствувате по малку инхибирано. Уран, вашиот владетел, ќе биде многу активен, што може да предизвика немир и потреба за промена. Но не е секој момент добар за големи потези. Наместо да бидете импулсивни, обидете се да ги запишете своите идеи: наскоро ќе дојде време за да ги спроведете на дело. Дотогаш бидете нежни кон себе.

      Поврзани вести