Skip to main content

Не прифаќајте подароци од нив: Се верува дека ќе донесат кавги, болести и раздор во вашата куќа

Никогаш не треба да прифаќајте подароци од овие луѓе…
Според експертите за фенг шуи, треба да внимаваме што внесуваме во куќата и чии подароци прифаќаме и чуваме.
Тие веруваат дека секој предмет носи енергија, а со тоа што го чуваме во куќата ја пренесуваме таа енергија во нашиот дом.

Се верува дека најлошото нешто што можете да го внесете во куќата е подарок од завидлив и злобен човек. Тој предмет, според верувањата, брзо ќе внесе расправии во куќата, дури и болест, развод…
Се верува дека луѓето кои ви завидуваат и воопшто не се среќни за вашиот успех, семејство или бизнис, први во редот ќе ви донесат подарок. Негативната енергија на давателот се пренесува и на предметот, кој тивко, но моќно делува од аголот на вашиот дом.

Како да препознаете објект полн со негативна енергија?
Ако сте се чувствувале непријатно кога подарувате или имате чудно чувство секогаш кога ќе го погледнете, фрлете го тој предмет без никакво каење. Не го одложувајте на поткровје, подрум или слично, само фрлете го. Некои веруваат дека такви предмети е најдобро да се запалат.
Верувајте ѝ на вашата интуиција кога станува збор за вакви работи.

Поврзани вести