
Володимир Зеленски е спремен да се повлече од функцијата претседател на Украина во замена за мир, или за земјата да добие членство во НАТО, пренесе британски Телеграф.
Денеска украинскиот претседател рече: „За мир за Украина, ако навистина ви треба да ја напуштам мојата функција, тогаш јас сум спремен. Можам да го заменам ова за НАТО, ако има такви услови.“
Зеленски додаде дека е фокусиран на безбедноста на Украина сега, а не по 20 години, велејќи дека не е негов „сон“ да остане претседател една деценија.
Зеленски рече дека ќе има „важен состанок“ на лидерите в понеделник, на третата годишнина од војната.
Лидерите ќе зборуваат за својата стратегија „не за следните години, туку за следната недела“, рече тој.
Русија постојано вели дека на Украина не смее да и се дозволи да се приклучи во НАТО како дел од каков било мировен договор. Пит Хегсет, американскиот министер за одбрана, рече дека членството на Украина во НАТО е малку веројатно како дел од преговорите, за време на неговата посета на Брисел минатата недела.