Skip to main content

Зеленски пристигна во Вашингтон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон.

Висока украинска делегација веќе е во Вашингтон за да го подготви теренот за средбата на Зеленски со претседателот на САД, Доналд Трамп, која е закажана за утре.

Нивното пристигнување следеше по низа состаноци во последните денови, а тоа се случува во време кога Трамп најавува и разговори меѓу американски и руски советници следната недела.

Шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак, кој го предводи украинскиот тим, денеска нагласи дека целта е „усогласување на клучните приоритети и областите на фокус“, изразувајќи надеж за „конкретни одлуки утре“.

Заедно со Јермак, во Соединетите Држави престојуваат премиерката Јулија Свириденко, шефот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров, амбасадорката Олга Стефанишина и заменик-министерот за надворешни работи Серхиј Кишлиќа.

Вчера, делегацијата се сретна со советникот за национална безбедност на Трамп, Марко Рубио. Денеска тие одржаа состанок со претставникот на Трамп за Украина, генералот Кит Келог.

Поврзани вести