
Според „Џерусалем пост“, Турција неодамна работела на инсталирање радарски системи на сириска територија, што го потврдиле два западни разузнавачки извори. Во извештајот се наведува дека ова доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Израел и Турција поради растечкото турско присуство во Сирија.
„Џерусалем пост“ забележува дека распоредувањето на турски радари во Сирија драстично би ја ограничило таканаречената оперативна слобода на израелските воздухопловни сили.
Овие системи би можеле да ги следат израелските активности за време на мисиите, вклучително и воздушните напади, намалувајќи ја способноста на Израел слободно да се движи низ сирискиот воздушен простор и потенцијално загрозувајќи ги идните операции.

Македонски





