
Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и осип на кожата.
Научниците го откриле вирусот кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето било фокусирано на вирусот Западен Нил, јави Еуроњуз.
Овој вирус претходно се појавил во Скандинавија и Алжир, а го пренесувале комарците од Северна Африка или Кенија на локалните комарци.
Не е толку смртоносен како вирусот Западен Нил, кој е присутен и во Андалузија.