
Германските власти го обвинија осомничениот за смртоносниот напад во петокот на божиќниот пазар во источниот град Магдебург, во кој загинаа пет, а беа повредени 200, соопшти полицијата рано утринава, јави ДПА.
Осомничениот, кој е идентификуван како Талеб А. според германските закони за приватност, тој е обвинет за пет убиства, повеќекратни обиди за убиства и тешки телесни повреди на повеќе од едно лице.
Тој останува во притвор, соопшти полицијата. Осомничениот синоќа бил изведен пред судија.