
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.
Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни руски напади.
-Не сум разговарал со претседателот на оваа конкретна тема, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа, рече Венс за време на гостувањето на Фокс Њуз