Skip to main content

Украински напад со дронови врз руска територија, голем пожар во рафинерија за нафта во Рјазан

Украина синоќа изврши напад со дронови врз руска територија, при што е изби пожар во рафинеријата за нафта во Рјазан, објави „Киев индепендент“.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 121 украински дронови, од кои 37 над Брјанска област, 20 во Рјазанска област и по 17 над Курска и Саратовска област.

Рафинеријата Рјазан, една од најголемите во Русија, има капацитет да преработува 17 милиони метрички тони нафта годишно. При нападот опожарени се најмалку три магацини и работилница.

Поврзани вести