Skip to main content

Турција се обидува да ги спречи земјите од Персискиот Залив да влезат во војната против Иран

Турција спроведува активна дипломатија со цел да ги спречи арапските монархии од Персискиот Залив да се приклучат на војната против Иран, објавува „Блумберг“.

Според изданието, официјална Анкара стравува дека вклучувањето на арапските држави од Блискиот Исток во борбени активности против Иран може да доведе до тотална војна, што би го загрозило целиот поширок регион.

Со цел да ја деескалира ситуацијата, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан веќе ги посети Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар, а имал и телефонски разговори со раководството на другите држави од Блискиот Исток.

Поврзани вести