Skip to main content

Трамп со указ го промени името на Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп потпиша наредба за промена на името на Мексиканскиот Залив, кој сега се нарекува Американски Залив. Тоа е една од стотиците укази кои претседателот ги потпиша откако беше инаугуриран за 47. шеф на САД.

Веднаш нагрнаа реакциите на социјални мрежи. Луѓето го коментираат изразот на лицето на поранешната прва дама Хилари Клинтон на инаугурацијата во Капитол кога Трамп најави дека ќе го преименува заливот.

Зошто му е значаен на Трамп Мексиканскиот Залив? Малото „море“ одделено од Атлантскиот Океан со полуостровот Флорида е еден од најважните региони за производство на нафта во светот и сочинува една шестина од вкупното производство на САД.

Вкупната површина на Мексиканскиот Залив е околу 1.600.000 км², а исто така е местото од каде што потекнува Голфската струја, а во овој залив се и топлите и силни морски струи на Атлантикот. Областа на Мексиканскиот Залив често е погодена од урагани.

Се смета дека заливот се формирал пред приближно 300 милиони години како резултат на тектониката на плочите.

Мексиканскиот Залив граничи се протега помеѓу бреговите на Мексико, САД и Куба. Заливот е поврзан со Атлантскиот Океан преку теснецот Флорида меѓу САД и Куба, а преку каналот Јукатан е поврзан и со Карипското Море.

Трамп го врати и старото име на планината Денали во Монт Мекинли. Планината, која е највисока во Северна Америка ја преименувал претседателот Барак Обама во 2015 година.

Поврзани вести