Skip to main content

Трамп: Примирјето во Газа ќе почне кога Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување за израелската војска

Facebook / Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во конфликтот во Газа би можел да стапи на сила веднаш доколку палестинската група Хамас се согласи на одредена линија на повлекување за израелската војска во крајбрежната територија, јави ДПА.

Израел веќе ја одобри почетната линија. Кога Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе стапи ВЕДНАШ во сила, ќе започне размената на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување“, напиша Трамп вчера на својата платформа „Truth Social“.

Трамп, исто така, објави графика што ја прикажува предложената линија во Газа.

Неговиот мировен план, објавен пред речиси една недела, не прецизираше конкретна рута на повлекување. Наместо тоа, во него се наведува дека израелските сили ќе се повлечат на договорената линија за да го олеснат ослободувањето на заложниците, суспендирајќи ги сите воени операции додека не се исполнат условите за целосно, фазно повлекување, потсетува германската агенција.

Пред објавата на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војската ќе се репозиционира, но ќе продолжи да ги контролира стратешки важните области во Газа. Тој нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а територијата демилитаризирана или дипломатски во согласност со планот на Трамп или преку воена акција.

Хамас се согласи со делови од планот на Трамп, но не го прифати експлицитно барањето за разоружување, потсетува ДПА.

Поврзани вести