Skip to main content

Трамп: Подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина е „многу голема отстапка“ од Москва

Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина претставува „многу голема отстапка“ од страна на Москва јави ДПА.

Зборувајќи на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Трамп беше прашан од новинар какви отстапки понудила Русија за да се постигне мировен договор со Киев.

Трамп одговори: „Запирање на војната, запирање на преземањето на целата земја“.

Американскиот претседател рече дека е уверен дека наскоро ќе биде постигнат мировен договор.

Поврзани вести