
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја посети Кина на почетокот на следната година на покана од Пекинг, јавија британските медиуми.
„Поканет сум да ја посетам Кина и ќе го направам тоа некаде на почетокот на следната година“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. „Веќе го договоривме тоа во извесна смисла“, рече американскиот лидер.
Трамп истакна дека очекува да изработи договор за фер трговија со кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп, исто така, посочи дека планира да ја забрза планираната испорака на нуклеарни подморници во Австралија. Со ова, американскиот претседател ја сигнализираше својата подготвеност да ги намали тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг, а во исто време да ги зајакне одбранбените врски со клучен партнер во Индо-пацифичкиот регион, забележуваат британските медиуми.
Трамп ја објави веста за поканата од Пекинг кратко пред да го прими австралискиот премиер Ентони Албанезе во Белата куќа.
„Кина не сака да го направиме ова“, рече Трамп за испораката на подморницата, но изрази уверување дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг ќе се подобрат.
Откако ја пофали големината и силата на американската војска, Трамп рече: „Имаме најдобро од сè и никој нема да се меша во тоа… Мислам дека ќе добиеме многу добар трговски договор. Двете страни ќе бидат задоволни.“
Претседателот на САД одби да коментира за неодамнешните обвинувања дека Пекинг врши притисок врз Вашингтон да ја повлече својата поддршка за независноста на Тајван