Skip to main content

Трамп бара од Талибанците да го вратат оружјето што американските сили го оставија при повлекувањето од Авганистан

Талибанците го отфрлиле повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да го вратат оружјето во вредност од седум милијарди долари, што американските сили го оставија во земјата при нивното повлекување од Кабул, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори.

Според информациите, Талибанците сметаат дека САД не само што не треба да го одземат оружјето, туку треа на Авганистан да му обезбедат посовремени средства за борба против терористичката организација Исламска држава.

Според „Блумберг“, Трамп се заканил дека ќе ја прекине секоја финансиска помош за Авганистан доколку не го врати оружјето и опремата што таму ги оставија американските војници.

Поврзани вести