Skip to main content

Сите членови на екипажот на рускиот воен транспортен авион загинаа

igorn-from-pixabay
IGORN from Pixabay

Сите членови на екипажот во рускиот воен транспортен авион Ан-22 што се урна денеска во регионот Иваново, повеќе од 200 километри североисточно од Москва се загинати, објавија локалните власти.

Според комитетот, започната е истрага за прекршување на прописите за подготовката на летот.

Повикувајќи се на извори блиски до спасувачките служби, руските медиуми објавија дека најверојатно во авионот имало седум лица.

Според податоците од руското Министерство за одбрана, авионот се урна во ненаселена област за време на пробен лет по поправките.

Поврзани вести