Skip to main content

Сирискиот министер за надворешни работи во официјална посета во ОАЕ

Фото: ЕПА архива

Новоназначениот министер за надворешни работи на Сирија, Асад Хасан Ал Шибани, пристигна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како дел од регионална турнеја што ги вклучи Саудиска Арабија и Катар.

Ал Шибани е придружуван од министерот за одбрана Мурхаф Абу Касра и шефот на разузнавачките служби Анас Хатаб. За време на посетата, Ал Шибани изрази надеж за градење на „конструктивни односи“ меѓу Сирија и ОАЕ.

Сириските власти бараат поддршка од земјите од Персискиот Залив за обновата на земјата по повеќе од 13 години војна. Емиратите беа меѓу првите што го поддржаа враќањето на Сирија во Арапската лига во 2023 година. 

Поврзани вести