Skip to main content

Сијарто: Понудата Унгарија да биде место на средбата меѓу Путин и Зеленски и натаму важи

Facebook/ Szijjártó Péter

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина, а понудата останува валидна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

– Доколку е потребно, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни преговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на мировните акции, рече Сијарто во подкаст емитуван на Фејсбук.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно ја објави можноста за средба меѓу лидерите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со цел да се стави крај на војната во Украина што трае од февруари 2022 година.

Постојат неколку предлози за тоа каде би можеле да се одржат разговорите меѓу Зеленски и Путин, а конкретни локации се споменати како Швајцарија, Австрија, Унгарија, Турција и надвор од Европа, Саудиска Арабија и Катар, кои играат сè поважна улога како меѓународни посредници.

Поврзани вести