Skip to main content

Шолц: Опасно е тоа што Трамп го нарече Зеленски диктатор

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е „лажно и опасно“ американскиот претседател Доналд Трамп да го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“, пренесува германскиот весник „Шпигел“.

„Едноставно е погрешно и опасно да се негира демократски легитимитет на претседателот Зеленски“, рече Шолц.

Претходно денеска, Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Вистина“ го нарече Зеленски „диктатор“ кој не сака да одржи избори, велејќи му дека „подобро е да дејствува брзо“.

„Замислете го тоа. Просечниот комичар, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари и да бидат вовлечени во војна која не може да се добие. Тој никогаш не може да ја добие таа војна без САД и Трамп“, рече американскиот претседател.

Трамп во објавата наведе дека Зеленски одбива да организира избори, дека котира многу слабо на анкетите во Украина и дека единственото нешто во што го бива е да го изигра Џозеф Бајден, пренесува „Танјуг“.

Поврзани вести