На 13 јануари во Глазгов ќе биде отворен специјален објект каде што зависниците од дрога ќе можат да дојдат да земаат недозволени супстанци под медицински надзор.
Собата ќе работи 12 часа дневно, 365 дена во годината. На оваа локација, изградена со пари на британските даночни обврзници, зависниците од дрога ќе можат „безбедно“ да се справат со нивната зависност од дрога.
Се претпоставува дека оваа мерка ќе им помогне на зависниците да ја надминат зависноста и да ја намалат смртноста од предоирање и користење неквалитетна дрога.