Skip to main content

Се обидува ли Израел да го креира „Давидовиот коридор“ до реката Еуфрат во Сирија!?

„Давидовиот коридор“ е замислен како копнена врска меѓу Израел и реката Еуфрат, преку територијата на јужна Сирија, вклучувајќи ги провинциите Дара, Сувеида, дел од провинцијата Хомс (регионот Ал-Танф) и Деир Ел-зор.

Неодамнешното навлегување во неколку области во провинцијата Дара од страна на израелската армија може да се смета како дел од овој план. Доколку Израелците одлучат да го спроведат овој план, следниот чекор на Тел Авив по напредувањето во провинцијата Дара би бил Сувеида. Пристапот до и преминувањето низ Сувеида бара поддршка и одобрување од Друзите, што е делумно постигнато.

По Сувеида, ќе биде олеснето напредувањето на израелската армија во јужна Сирија, бидејќи регионот Ал Танф во провинцијата Хомс со години е под американска контрола, а американската армија ќе го отвори патот за Израелците да стигнат до провинцијата Деир Ел-зор.

Формираето на „Давидовиот коридор“ е дел од долгорочните израелски стратегиски планови.



Поврзани вести