Skip to main content

Руте: НАТО не може да ги потврди тврдењата дека Иран може да ги нападне Париз, Берлин и Лондон

НАТО не може да ги потврди тврдењата на Израел дека Иран може да ги таргетира Париз, Берлин и Лондон со своите ракети, изјави во телевизиско интервју генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Предупредувањето на Израел следеше по иранскиот напад врз британско-американската воена база „Диего Гарсија“ која се наоѓа среде Индискиот Океан кој, иако неуспешен, покажа дека Техеран има ракетен дострел што претходно не беше јавно потврден, пренесува Би-би-си.

„Во моментов не можеме да ги потврдиме израелските тврдења, но ги истражуваме“, рече Руте во интервју за американските медиуми.

Тој истакна дека ако ова предупредување е точно, тоа е уште еден доказ дека постапките на Доналд Трамп и нападот на САД врз Иран се клучни за елиминирање на иранската нуклеарна закана.

„Она што го знаеме со сигурност е дека тие се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност. Сè уште го анализираме случајот со нападот врз британската база, но ако тоа е точно, тие веќе ја имаат можноста за ракетирање на големи далечни. Ако не е точно, знаеме дека се многу блиску до тоа да ја имаат таа можност“, рече Руте.

Поврзани вести