Рускиот претседател Владимир Путин го назначил генерал-полковникот Андреј Иванајев за нов командант на здружената група Восток, која ја предводи офанзивата на руските сили во источниот украински регион Донбас, објавија руски и украински медиуми.
Во текот на изминатата година, руските сили постигнаа напредок во Донбас, кој се припои кон Русија на референдум во септември 2022 година, иако руските трупи се уште целоано не ја контролираат територија на регионот.
Рускиот државен медиум РИА Новости потврди дека Иванајев сега е командант на групата Восток. Во изминатиот месец, единиците на групата ослободија седум населени места и презедоа контрола на површина од повеќе од 300 квадратни километри.