
Франција планира во среда да одржи втор состанок за Украина и европската безбедност, но овојпат ќе бидат повикаи европски земји кои не беа присутни на претходниот состанок, како и членката на НАТО Канада, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Како што се наведува, два извори рекле дека на вториот состанок повикани се Норвешка, Канада, Чешка, Грција, Финска, Романија, Шведска, Белгија, како и три балтички земји Литванија, Естонија и Летонија.
Изворите навеле дека некои од земјите ќе учествуаат на состанокот преку видео-повик. Првиот состанок беше организиран поради загриженоста на европските лидери околу намерата на претседателот на САД Доналд Трамп да се сретне лично со некои рускиот претседател Владимир Путин и преговорите за Украина, пренесува Танјуг.
На состанокот присуствуваа, покрај останатите, претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Лидерите разговараа за дефинирањето на заеднички одговор на ставовите на новата американска администрација за Украина.