Skip to main content

Реката Мозел во Германија се излеа поради топењето на снегот и обилните врнежи

Реката Мозел во Западна Германија денеска се излеа поради долготрајните и обилни дождови, како и поради топењето на снегот, јави ДПА.

Центарот за предвидување поплави во западната држава Рајнланд-Пфалц соопшти дека се очекува нивото на водата вечер да достигне максимални вредности.

Максималното ниво за градот Трир, кој се наоѓа на границата со Луксембург, се очекува да достигне меѓу 6,7 и 7,2 метри.

Врнежите, вклучително и снег, ќе продолжат во областа и во наредните денови, а можен е натамошен пораст на нивото на Мозел и неговите притоки. 

Поврзани вести