
Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во предвидената орбита се одвиваше според планот, а леталото е поставено во целната орбита навреме, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Ракетата „Сојуз-2.1а“, која беше лансирана денеска од космодромот Плесецк во Архангелската област, постави сателит во орбитата и тој работи нормално, се наведува во соопштението.
– Во предвиденото време, леталото беше исфрлено во целната орбита и преземено под контрола од страна на копнените средства на Воздухопловните сили, се додава во соопштението.

Македонски






